Супермаркетите се согласиja за намалување на цените. Со тешко срце откако и тие се пожалија дека им било тешко да функционираат во досегашните услови на пазарот. Сепак, ниту еден од нив, по средбата со министерот за економија не застана и конкретно да ги образложи пробелмите и опредизвидите пред медиумите, објави Алфа. Едноставно заминаа, како и што дојдоа. Со скапи и луксузни џипови, кои граѓаните можат само да ги сонуваат.

Деталите за средбата ги образложи министерот за економија, кој уверува дека договореното ќе се почитува. Според, Крешник Бектеши, на состанокот било аклучено дека имало простор за намалување на цените на производите.

Одлуката за намалување на цените ќе се донесе на владината седница во вторник, а од среда веќе пазарните инспектори ќе бидат на терен.
– Најголемите 8 трговски синџири во земјава прифатија да се намалат цените на прехранбените производи со што може да се донесе одлуката на Миистерството за економија за новите мерки во однос на цените – рече Бектеши на денешната прес-конференција по средбата со претставници на трговските синџири и претставници на коморите.
Од инспекцијата рекоа дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени, и дека ќе направеле измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, по што ќе се зголемеле ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш. Повеќе од видеото на Алфа.мк





