Поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и истакнатите дипломати Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Лероа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак ќе бидат членови на таканаречената „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ која беше промовирана денес од премиерот Зоран Заев.
„Денеска сме тука заеднички да го објавиме конституирањето на Група Охрид, која ќе дава поддршка за успешно завршување на процесот за влез на Македонија во ЕУ и НАТО“ изјави на заедничката прес-конференција со лордот Робертсон , премиерот според кој членовите на групата „се тука да го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО“
Робертсон, кој по 17 години е пак во Македонија рече дека името „Група Охрид“ е избрано, бидејќи тој град има големо значење за земјата, со оглед на тоа дека таму е потпишан Охридскиот договор, но исто така тоа е и град заштитетн од УНЕСКО.
„Земјата, која беше на работ на граѓанска војна, стана земја, која тропна на европските врати и ја разбра потребата за подобра иднина“, рече Робертсон.




