„Неколку часа откако Европската Унија (ЕУ) ја донесе историската одлука за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, минатата недела, бугарските парламентарци испратија потсетување за тоа колку ќе биде веројатно долг и мачен патот кон членство.’ – пишува американскиот магазин “‘Форин полиси’, пренесе весникот „Нова Македонија“ во статијата со наслов „Бугарија преку спорот со Македонија го потсети Брисел колку може мачен да биде патот до ЕУ“.
„Спорот поради евроинтеграциите на Македонија е порака до најновите кандидати дека, дури иако Брисел е отворен за нови членки, сите во соседството не се. Одлуката за проширување на ЕУ бара едногласно одобрување од земјите-членки, ставајќи го пристапниот процес во заложништво на историјата, јазикот и регионалните ривалства. Од проширувањето со Австрија, Финска и Шведска во 1995 година, пристапниот процес стана подолг и покомпликуван, со што ваквиот случај е нагласен на Западен Балкан.’ – се наведува во анализата на ‘Форин полиси“.
„Форин полиси’ додава и дека бугарскиот парламент во петокот дал зелено светло за францускиот предлог, но оти не се очекува Македонија да ги прифати бугарските барања. ‘Одоброволувањето на Бугарија постави опасен преседан за иднината на проширувањето на ЕУ, стравуваат аналитичарите. Не само што веројатно ќе поттикне натамошно националистичко расположение во Македонија и во Бугарија, туку ќе им покаже и на другите членки на ЕУ како да го користат процесот на проширување за да ги ‘израмнат сметките’ со соседите – заклучува американскиот магазин.“
Home Македонија „Форин полиси“: Пристапувањето во ЕУ во заложништво на историјата, јазикот и регионалните...





