Во 2020 година, Пекинг го надмина Њујорк по бројот на милијардери, објави „Форбс.
Со 33 нови , Пекинг сега е на прво место со 100 милијардери и „за влакно“ е пред Њујорк кадe има само 99, пренесоа медиуми.
Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе од она на „богатите“ од Пекинг (484,3 милијарди долари).
Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се наоѓаат и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високо трето место со 80 милијардери.






