
Високото образование во Македонија во последните десет години се карактеризира со низок квалитет, нетранспарентност и коруптивни афери, велат од Форумот за образовни промени, од каде побараа да се спроведе ветинг на државните универзитети кој како што рекоа ќе послужи како основа за одржување на академскиот углед и борбата против корупцијата во високото образование – пренесе Слободен печат.
„Не случајно, секоја академска година, нашите државни универзитети имаат по илјада студенти помалку и додека се намалува бројот на студенти во земјава, се зголемува бројот на наши студенти кои студираат во странство. Сето ова е показател дека реформите на ова поле се неизбежни. Потребата за сеопфатен процес на ветингот во високото образование во овој момент е национална потреба.Со ветинг се обезбедува квалитет, доверливост и интегритет во високото образование“, посочи Бленди Ходаи претседател на ФОП.
Оттаму истакнаа дека имаат предлог за спроведување на ветингот во високото образование кој се фокусира на три области.
Целиот текст на следниот линк:





