Милен Врабевски од Бугарија, познат во Македонија како човекот кој ги финансираше бугарските клубови во Битола и Охрид, именувани според контроверзни историски ликови ик европратеникот Андреј Ковачев вечерва да бидат гости на детските манифестации – 42-ро издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41-ва Светска детска ликовна изложба „Битола“, во организација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, дознава Фокус
Врабевски, како јавува Фокус, бил член на Меѓународниот управен одбор на „Малиот битолски Монмартр“ и претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО, а за двете манифестации донирал 17.500 евра.
Веста за донирана сума беше објавена на страницата на Фондацијата „Бугарска меморија“ чиј основач е Врабевски.







