Фондот за здравство остана без директорот од редовите на ДУИ

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети,поднел оставка од функцијата.



„Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, напиша Ахмети, кој доаѓа од редовите на ДУИ“.

Тој подолу во објавата вели дека својот ангажман ќе го продолжи фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на, како што вели, „визијата на Али Ахмети“.

Ахмети заедно со Магдалена Филиповска-Грашкоска беа двајцата истовремени генерални директори на здравствениот фонд.

Тој ќе остане запаматен по тоа што годинава за време на сајбер нападот на фондот не го прекина одморот искористен заради партиско учество на настан во САД, потсетува Фактор.