Фондацијата на Вице и Зоран Заев испратила помош за украинската војска и население

Вице и Зоран Заев преку својата фондација “Заев – Едно општество за сите” испратиле 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.



,,Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи.

Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет”, објави екс премиерот Заев попладнево.

Линк до информацијата која ја објави украинскиот пратеник преку кого е организирана помошта.

https://www.facebook.com/100001386452513/posts/5403687886354040/