
Бугарската Фондација Македонија, која што е основана во април 2021 година од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, денес по повод одбележувањето на 120 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, на својот Фејсбук профил обвини дека официјално Скопје прави се што е можно, за да попречи организирана посета на неговиот гроб од Бугарите.
Денес го почитуваме Апостолот на Бугарите во Македонија – Гоце Делчев! Затоа што на денешен ден во 1903 година загина во битка за Бугарите и Македонија на 31-годишна возраст.
Денес официјално Скопје прави се што е возможно за да попречи заедничко одбележување на неговиот спомен, како и организирана посета на неговиот гроб од Бугари. Цената која Скопје ќе ја плати за тоа ќе биде прескапа за партиско-шовинистичкиот режим. Ние ќе се погрижиме за тоа, во име на Гоце и Бугарите во Македонија, амин – објави фондацијата.

Инаку, на чело на фондацијата стои Бугаринот Виктор Стојанов. Тој ја основал со сума од сто лева, како што е објавено на страницата, со цел да спроведува постојани иницијативи со кои ќе се создадат трајни мостови помеѓу народот во двете држави, во областа на културата, образованието, науката, економијата, спорт, медицина, туризам и сите сфери од општествениот живот. Важно за да се постигне таа цел е фактот што општеството во двете држави беше еден народ до пред неколку децении, и може да има заедничка иднина во секоја сфера на општествениот живот- пишува на веб страницата на фондацијата.





