Фон дер Лајен: Ѝ дадовме уште 1,5 милијарди евра помош за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека ЕУ ѝ исплатила уште 1,5 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина.



„Денес ѝ плативме на Украина уште 1,5 милијарди евра“, напиша таа на Твитер.

Според Фон дер Лајен, поддршката на ЕУ „ѝ помага на Украина да функционира додека се заштитува себеси“. Помошта „ја поставува Украина цврсто на нејзиниот пат кон ЕУ со поддршка на реформите – на пример доброто владеење и финансиската стабилност“.

Програмата за макрофинансиска помош на ЕУ за Украина за 2023 година е вредна вкупно 18 милијарди евра.