Претседателката на Европската комисија која денесеска е во посета на Софија се осврна и на темата за евроинтеграциите на Северна Македонија, иако не беше прашана за тоа, јавуваат бугарски медиуми.



„Прашањето за заштита на малцинствата е основна вредност на Европската Унија. Тоа е членот 2 од нашиот основачки договор и ова е важна тема во целиот процес (проширувањето на ЕУ), па затоа е важно да го одржиме ветувањето кон нашите соседи. Времето е тешко и турбулентно и ќе ја одреди иднината на Европа. По војната се ќе биде поинаку.

Затоа се потпирам на Бугарија за да може вешто да го води процесот, знам дека може“, изјави Фон дер Лајен, пренесе БГНЕС.

Сакам да и честитам на Бугарија не само за она што го прави за бегалците, туку и за се што прави овде во регионот и во однос на добрососедските односи, рече Урсула фон дер Лајен.

Шефицата на Европската комисија потсети дека во 2020 година Европскиот совет одлучи да излезе и да каже дека е време да се започнат пристапните преговори со Македонија и Албанија.