Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателот Стево Пендаровски се огласи на Твитер.
„Мило ми е што ја започнувам мојата посета на Западен Балкан во Скопје!
Како што напредувате во реформите, го правите својот пат кон ЕУ.
Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот единствен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“, твитна Фон дер Лајен.






