Вакцината за против коронавирус би можело да биде развиена до крајот на оваа година, на што работат два европски истражувачки тима…
Но, тоа би значело постарите лица да останат во изолација до крајот на годината за да бидат заштитени од коронавирусот, изјави шефицата на ЕK, Урсула фон дер Лејен, за германски „ Bild am Sonntag“.
„Без вакцината, треба да ги ограничиме што е можно повеќе контактите на повозрасните луѓе“, вели Фон дер Лајен.
„Знам дека е тешко и изолацијата е товар, но тоа е прашање на живот или смрт. Треба да останеме дисциплинирани и трпеливи “, додаде таа.
„Децата и младите луѓе ќе се израдуваат на поголема слобода на движење порано од постарите и оние со претходни медицински наоди“, рече таа.
Фон дер Лејен додаде дека се надева дека некоја европска лабораторија ќе развие вакцина до крајот на годинава.






