Фон дер Лајен под истрага за набавка на анти-ковид вакцини

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеси изјави дека е покрената истрага во врска со набавка на вакцини против Ковид 19 и за улогата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.



„Добивме поплаки од поединци и ја имаме таа обврска, така што случајот беше отворен пред неколку месеци врз основа на тие поплаки“, рече Ковеси во Загреб, објаснувајќи дека е покрената истрага во врска со улогата на Урсула фон дер Лајен во тој процес, пренесуваа хрватски медиуми.

„Имаме многу искусни обвинители, професионални, храбри. Нашата независност е загарантирана. Ги имаме сите потребни алатки за да спроведеме каква било истрага и што е уште поважно, законот е еднаков за сите“, вели Лаура Ковеси.

Таа наведува дека обвинителството ќе си ја заврши „својата работа“ почитувајќи ги „сите права на лицата вклучени во случаите, така што немаме проблеми“.

Во Загреб, Ковеси ги претстави активностите во борбата против корупцијата и измамите кои ги крадат европските пари.