Фон дер Лајен па Вархеји во Скопје, за ЕУ иднината и спорот со Бугарија

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе допатува во Скопје, еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.



Информацијата за МИА ја потврдиле службите на Европската Комисија, но програмата на посетата сѐ уште се финализира. Сепак, извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев со кого ќе разговара за спорот со Бугарија.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.