Европската комисија ја поддржува идејата за идентификување на вакцинираните од коронавирус со сертификат, изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
„Медицинска обврска е да се има сертификат дека сте вакциниран“, изјави Фон Дер Лајен поддржувајќи ја на тој начин идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Но, претседателката на ЕК додаде дека не е сигурна дали „тоа треба да им дава на луѓето приоритет или пристап до одредени добра, ова е политичка и правна одлука која треба да се дискутира на европско ниво“.
Светската здравствена организација во декември препорача да се прават планови за дигитални вакцинациски сертификати, но не и за пасоши, пренесе Дојче веле.





