Потребно е да се забрза процесот на проширувањето на Европската унија, изјави денеска во Стразбур претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен на пленарната седница на Европскиот парламент.
„Иднината на Украина е во нашата Унија. Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Иднината на Молдавија е во нашата Унија. И знам колку е важна европската перспектива за многу луѓе во Грузија“, рече Фон дер Лајен. .
Фон дер Лајен рече дека на блокот од 27 земји му се потребни реформи и ја поддржуваат ревизијата на Договорот за Унијата „ако и каде е потребно“, но рече дека не треба да се чека тоа да се случи за да се забрзаат европските интеграции.
„Унија која е подготвена за проширување може да се постигне побрзо, а предуслов за тоа е да се одговори на практичните прашања како во пракса ќе функционира Унијата со повеќе од 30 земји“, нагласи Фон дер Лајен.
Фон дер Лајен се обрати до гласачите, особено до младите кои првпат ќе излезат на европските избори во 2024 година.
„За нешто помалку од 300 дена, Европејците ќе излезат на гласање во нашата единствена и извонредна демократија. Како и со сите други избори, ќе биде време луѓето да размислуваат за состојбата на нашата Унија и работата што ја вршат оние кои ја претставуваат.
Ќе биде време да се одлучи каква иднина и каква Европа сакаат“, рече Фон дер Лејен.







