Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, им предложи на земјите-членки на ЕУ постепено да го укинат увозот на сурова нафта во рок од шест месеци и рафинирани производи до крајот на годината.
„Ќе се погрижиме постепено да ја исфрлиме руската нафта на уреден начин, на начин што ни овозможува нам и на нашите партнери да обезбедиме алтернативни патишта за снабдување и да го минимизираме влијанието врз глобалните пазари“, вели фон дер Лајен.
Фон дер Лајен призна дека сите 27 земји-членки – некои од нив немаат излез на море и многу зависат од Русија за снабдување со енергија а да се договорат за нафтените санкции „нема да биде лесно“.
ЕУ добива околу 25 отсто од нафтата од Русија, а доколку биде одобрена, забраната за увоз на нафта ќе биде вториот пакет санкции на ЕУ насочени кон профитабилната енергетска индустрија на Русија поради војната во Украина.
ЕУ започна и дискусии за можно ембарго за природен гас, но консензус меѓу земјите-членки за таргетирање на горивото што се користи за производство на електрична енергија и греење на домовите е потешко да се обезбеди. Регионот добива околу 40% од природниот гас од Русија.
Унгарија и Словачка веќе рекоа дека нема да учествуваат во какви било нафтени санкции, но Фон дер Лајен не елаборираше дали ќе добијат изземање од санкциите, иако тоа изгледа веројатно.







