Фон дер Лајен: Црна Гора е најблиску до ЕУ

Шефицата на Европската комисија, за време на вчерашната посета на Црна Гора, повтори дека оваа земја постигнала најголем напредок во процесот на пристапување кон ЕУ.



“Потребен е политички дијалог во Црна Гора за да напредува во владеењето на правото, според привремените стандарди на европскиот пат. И мора да бидете внимателни да нема назадување”, рече Урсула Фон дер Лајен, нагласувајќи дека и покрај поделбите ,земјата останува мултинационална и мултиконфесионална.

Таа потсети дека Црна Гора била првата во регионот што дозволила истополови бракови, што, како што наведе, покажало посветеност кон почитување на различностите и направило важен чекор кон ЕУ.

Црна Гора ги отворила сите поглавја за преговори со ЕУ. Досега, три поглавја биле привремено затворени, 25 – Наука и истражување, 26 – Образование и култура и 30 – Меѓународни односи.

Новата црногорска влада ја стави европската интеграција во приоритетите на земјата, како што е дефинирано со договорот потпишан од лидерите на трите победнички коалиции на парламентарните избори на 30 август.