Претседателката на Европската комисија вели дека ако ЕУ не ја отвори перспективата за земјите од Западен Балкан, други ќе ја пополнат празнината, како Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.
.Како што денеска објави британскиот весник „Експрес“ Фон дер Лајен во говорот по повод одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид истакна дека се што Европа побарала Македонија и Албанија исполниле.
„Сега треба да го одржиме ветувањето и да отпочнеме преговори за пристапување – вели Фон дер Лајен.
Таа ги повика европските лидери веднаш да ги почнат пристапните преговори со двете земји, во спортивно, како што рече „Русија и Кина можат да ја пополнат празнината доколку Унијата не го зацврсти своето присуство во регионот“.





