Матурантот Никола Георгиев, на во Турција му биле направени испитувања за утврдување на текот на лекувањето, јавно се заблагодари на големата хуманост од народот.
Како што вели, досега се собрале околу 90.000 евра од донации, а потребната почетна сума за лекувањето изнесувала над 110.000 евра.
На Никола пред два месеци му бил дијагностициран карцином на коски.
„На 24-ти април после Велигденските празници ќе заминам повторно во Р. Турција каде ќе започне моето лекување со соодветните хемотерапии.
Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност и со кои би можел да ви се заблагодарам на сите вас што ми помогнавте на било каков начин, што дониравте, што се организиравте за мене, што ми дадовте уште повеќе сила, изјави Никола за Фокус.
Тој соопшти дека почеток на лекувањето потребни се 110.000 евра и благодарение на сите вас успеавме да собереме 90.000 евра.
Сите кои сакаат да се вклучат во оваа хумана акција, може да донираат на телефонските линии или пак на жиро сметка.
Броеви за донирање:
143 117 Телеком
143 488 А1
Стопанска банка 200003717578051 –
Devizna smetka MK07200004066300617
Никола Георгиев







