Второто продолжување на притворот за 30 дена на бизнисменот Орце Камчев му истекува за неколку дена, поради што Следната недела Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе барање за дополнителни 30 дена притвор, дознава „Фокус“.
Причината е да не избега кога во истиот период до Кривичниот суд се очекува и да биде поднесен обвинителниот акт за случајот „Плацевите на Водно“, во кој Камчев е еден од осомничените.
Одбраната на Камчев во неколку наврати реагира дека притворот на бизнисменот му е одреден само поради службената белешка од АНБ, која ја сметаат за непрофесионална, но од обвинителството за „Фокус“ појаснуваат дека тоа е последниот доказ, односно имале обезбедено голем број на аргументи за да ја потврдат тезата дека Камчев може да избега.
Истрагата „Плацевите на Водно, пред неполни седум месеци ја отвори обвинителството, а потекнува од згаснатото СЈО, потсетува Фокус.







