Фокус: Убиениот во Приштина бил вмешан во убиствата во “Шиша бар“!?

Бљерим Даци кој синоќа беше убиен во Приштина бил еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша бар“, неофицијално дознава „Фокус“.



„Фокус“ засега нема никаква потврда дека убиениот во Приштина бил вмешан во убиството на 6 март кога беа убиени главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци, иако испрати официјални прашања до институциите.

Како што е објавено, Бљерим Даци користел лажни документи, на име Бљерим Шабани.

Тој го променил презимето по враќањето од Авганистан и Сирија. Бил поранешен припадник на Ал Каеда кој издржувал казна затвор од 18 месеци во Пакистан.