На 8 јануари во апартман во областа Розенлунд во Шведска, татко се обидел да го убие 10-годишниот син во семејниот апартман, а потоа повикал полиција, дознава Фокус.
Момчето со хеликоптер на брза помош било пренесено во болница, но сепак обидите да се спаси биле безуспешни.
Според пишувањата на шведски медиуми, во полиција тој кажал дека подолг период му доаѓале мисли да го убие синот.
Фокус пишува дека на социјалните мрежи кај нас има реакции на лица кои го познавале семејството, и кои тврдат дека станува збор за луѓе од Кочани кои живееле и работеле во Шведска.





