„Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јовески, изјави за „Фокус“ обвинителката Вилма Русковска, откако денеска на судењето за „Меѓународен сојуз“, обвинетиот Бојан Јовановски побара нејзино изземање.
Јовановски барањето за изземање го поткрепи со докази добиени од неговиот телефон, односно се повика на меѓусебна комуникација со обвинителката, која според него, му откривала детали за истраги.
На барањетро за изземање се приклучи и Фросина Ременски.







