Обвинителот Трајче Поливанов ќе биде привремен шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако неодамна шефицата Вилма Русковска беше суспендирана.
Оваа одлука денеска беше донесена на седница на Советот на јавните обвинители, а ќе важи се до изборот на нов шеф на организиран, бидејќи мандатот на Русковска истекува во ноември.
Тогаш ќе треба да биде распишан оглас, а изборот за прв пат ќе се врши преку гласање на сите обвинители, објавија медиуми кои ја потврдија веста објавена на Expres.mk во саботата.
За главен кандидат за наследник на Русковска е избран Трајче Пеливанов екс обвинител во СЈО на Катица Јанева а од лани обвинител во јавното обвинителство за организиран криминал на чие чело треба да дојде наскоро,објави Expres.mk во саботата, повикувајќи се на извори од Обвинителството.







