Фокус: Отров за глувци, по грешка, завршил во фаталната пита со праз



Причина за фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишната жена, која , по четири дена на клиника ја изгубила битката за живот е труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.

Од силниот препарата, хоспитализиран е сопругот на починатата, додека нејзината свекрва е во кома, дознава Фокус.

Препаратот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Околу тоа како овој отров завршил во питата со праз која семејството ја јадело на денот на настанот, во јавноста се појавија голем број на шпекулации.

Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обрати до ,,Фокус” (идентитетот е познат на нашата редакција). Како што тврди нашиот извор, се работи за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

„Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна.

Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла.

Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар.

За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат – вели извор на Фокус.

На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци.

Додава дека се пишуваат секакви коментари полни со злоба, па затоа и реагира, за да дознае јавноста што всушност се случило.