Градоначалкмичката на Скопје Данела Арсовска набавува 550 пакетчиња, за вкупна цена од 12.200 евра. Или секое пакетче чини по 1.300 денари.
Пред неколку дена е објавен тендер на Град Скопје склучен на 15 декември.
На пријавениот тендер учествувал само еден понудувач, кој и ја добил зделката, објави „Фокус“.
Инаку, Арсовска упорно тврди дека е склучен тендер од 30.000 евра за новогодишното украсување на градот, сепак таа не го објавува, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки.
Има јавен повик за китењето од 30.000 евра, ама не го покажувам, вели градоначалничката






