Осомничените киднапири и убијци на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги застапува адвокат одреден по службена должност, дознава ,,Фокус” не засега нема да го објави неговиот идентитет, поради револтот на јавноста.
Низ социјалните мрежи се ширеше апел ниту еден адвокат да не прифати ангажман, а на истото повикуваа дури и адвокати.
За да добие судска разрешница случајот, неопходно е осомничените да имаат бранители, поради тежината на кривичното дело и притворот, поради што и им е одреден по службена должност.






