Фокус: Објавен е тендер на Арсовска за новогодишни пакетчиња од 12.200 евра, но не и за украсувањето

Иако скопската градоначалничка Данела Арсовска упорно тврди дека е склучен тендер за новогодишното украсување на градот, сепак таа не го објавува, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки. Таму ги има сите претходни договори на градот, за минатите украсувања, но не и годинешниот.



На сајтот, пред неколку дена е објавен тендер на Град Скопје склучен на 15 декември, но за новогодишни пакетчиња.

Според објавениот документ Арсовска набавила 550 пакетчиња, за вкупна цена од 12.200 евра. Или секое пакетче чини по 1.300 денари. На пријавениот тендер учествувал само еден понудувач, кој и ја добил зделката.

Линк до целиот текст:

https://fokus.mk/objaven-e-tender-na-arsovska-za-novogodishni-paketchina-od-12-200-evra-no-ne-i-za-ukrasuvaneto/