Кавадаречко семејство кое
било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило
со демолиран автомобил. Истиот бил паркиран пред хотелот, на само дваесет метри
од влезот, но никој ниту слушнал, ниту пак видел нешто.
Утрината, кога станале, кавадарчаните затекнале ужасна слика. Искршени стакла,
ретровизор, избушени гуми… Повикале полиција, бил направен записник, и за нив
завршило велигденското празнување на неславен начин.
Дел од екипта на ,,Фокус” пак, во тек на вчерашниот ден затекна неколку џипови во близина на бензинска станица пред Гевгелија, со целосно искршени стакла и ретровизори…по враѓање од продолжениот викенд во Грција.
Извор: Фокус





