Фокус: Ковачевски ќе го предложи Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ

Ќе го предложам Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ, изјавил за Фокус новиот партиски лидер и мандатар за составување на новата Влада Димитар Ковачевски.



–Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за се друго е уште рано да се говори – рекол Ковачевски.

Тој додал дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.

Инаку, задутре треба да се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, на кој треба да се бира новиот генерален секретар, но засега неизвесно е дали на оваа седница ЦО ќе се прошири со нови членови и дали ќе се кооптираат нови членови во Извршниот одбор.