Поранешниот градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски, купува деловен простор во новиот објект кај Мајчин дом во вредност од половина милион евра со вкалкулиран данок на додадена вреднот.
Како што пишува новиот број на „Фокус“ адвокатското друштво на Коневски и првиот човек на компанијата-инвеститор на објектот – „ЗСФ-КОМ“, Фатмир Етеми, во март минатата 2019 година склучиле преддоговор за деловен простор со површина од 324 квадратни метри.
Притоа, според податоците што ги обезбеди Фокус, договорот е склучен на сума од 1.200 евра за квадратен метар, што значи дека неговата вкупна вредност е 388.800 евра со тоа што ако се вкалкулира и ДДВ-то од 18 отсто се доаѓа до сума од скоро половина милион евра.
Во изјава за Фокус, Коневски вели дека деловниот објект се уште не е изграден и се уште не е во негова сопственост и владение.





