Компанија во косопственост на советникот од Охрид, Нефи Усеини, годинава добила концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани за период од 30 години, објавува најновиот број на неделникот Фокус.



Друштвото е регистрирано за вадење на чакал и песок со назив „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, и според податоците од Централниот регистар, е во сопственост на Усеини, кој воедно е и управител на друштвото, додека вториот косопственик е албанскиот државјанин Албин Папа.

Компанијата е формирана при крај крај на 2017 година или нецела година пред да биде донесена владината одлука за започнување на постапка за доделување на предметната концесија и речеиси една година пред да се објави јавниот повик.