Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која беше потврдено дека е позитивна на коронавирус, им забранувала на колеги да пријават дека била во Италија на скијање.
Како што дознава „Фокус“ откако се вратила, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа.
„Нашите извори уште тврдат дека на симпозиумот биле присутни и Грци, кои сега мора да бидат известени од македонското ресорно министерство“, пишува Фокус.
Во моментот, таа е на Клиниката за инфективни болести, а коронавирусот им се заканува на сите вработени, како и на пациентите кои во таа една недела циркулирале на клиниката или пак биле хоспитализирани таму…







