Фокус: Кој е рускиот тајкун близок на Путин поврзан со ДУИ и генсекот на СДСМ

Фабрика за вода во дебарско Гари, која своевремено беше претставена како инвестиција на двајца хрватски државјани, била кредитирана од хрватски тајкун што се поврзува со руски олигарх близок до Владимир Путин, пишува новиот број на неделникот „Фокус“.



Порталот објави дека парите потекнуваат од „УК Промсвуаз“, друштво за управување со инвестициски фондови во Русија, во сопственост на една од најголемите руски банки, „Промсвуаз банка“. Оваа банка беше основана од браќата Алексеј и Димитриј Ананијев, но тие се најдоа под прогон, па беше национализирана од руската држава и се стави во функција на безбедносниот сектор.

Воедно, хрватскиот центар за истражувачко новинарство „Остро“ во случајот инволвира двајца хрватски тајкуни, кои основале офшор компанија со назив „Зедариа Вентурес“ за да инвестира 10 милиони евра за експлоатација на вода токму во Гари, Дебар.

Предходно Фокус објави дека правен застапник на фабриката за вода е генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ а ИРЛ објави дека фабриката е поврзана со ДУИ.

Иако долго време го истражувале случајот ИРЛ од необјасниви причини воопшто не го спомнуваат генсекот на СДСМ иако тој не негира дека е адвокат на фирмата која се сомничи дека е поврзана со руски капитал.

Повеќе детали во неделникот Фокус

Првичната вест за истрагата за овој случај

Истрага: ДУИ и СДСМ преку инвестиција поврзани со руски тајкун близок на Путин