„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш Северна, само Македонија“…
Со овие извици беше пречекана владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на денешното чевствување на „Илинден“ во Крушево од малкутемина присутни на одбележувањето на Државниот празник 2-ри Август, јави Фокус.
Нaстаните во Крушево се одбележуваат под покровителство на републичкото Собрание.
Од Мечкин камен свое обраќање ќе има потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој го заменува претседателот на Собранието, Талат Џафери.






