Митко Јанчев; градоначалникот на Кавадарци, ѝ подарил на сопругата Веселка нов автомобил од марката Range Rover, објави Фокус.



За „Фокус” тој вели дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.

Јанчев и во 2017-ма година ја изненадил сопругата со нов автомобил, а цената на сегашниот е – 240.000 евра. Пред да стане градоначалник Јанчев беше бизнисмен кој важи за еден од најбогатите луѓе во Македонија.