Фокус го фали Заев дека бил достапен за новинари, не го спомна неговиот бојкот кон национална ТВ

Иако премиерот Заев ги одби сите покани за интервју на ТВ Алфа неделникот Фокус близок на СДСМ ја напаѓа градоначалничката на Скопје Арсовска и го фали премиерот дека бил достапен за новинарите.



Во контекст на достапноста на Заев се споменува и скандалот во кој Заев мислејќи дека разговара со шефот на НАТО и шеф на држава разговараше со пранкери.

,,Премиерот и лидер на СДСМ во оставка, Зоран Заев, по неговото заминување од владата и раководното место на партијата, ќе остане запаметен како еден од ретките премиери на политичар, со кого секој може да стапи во контакт, а особено новинарите.

Тој речиси цел час разговараше со руските пранкери, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг”, пишува Фокус во текстот во кој се фали премиерот во заминување.