Фокус: Емилија Заева нема поднесено анкетен лист, иако е директор

Емилја Заева Костова која беше спомената во вчерашното писмо на австрискиот амбасадор, Георг Вуцас, е директорка на Јавното комунално претпријатие во Валандово, но откако е именувана, нема поднесено анкетен лист – пишува Фокус.



Нејзиниот анкетен лист не може да се најде меѓу јавно достапните, но и од Државната комисијата за спречување на корупцијата за „Фокус“ потврдија дека Заева нема поднесено, иако тоа е законска обврска за сите именувани и избрани функционери.- Advertisements –

-Државната комисија за спречување на корупцијата ве известува дека лицето Емилија Заева Костова нема поднесено анкетен лист по избор/именување на функцијата директор на Јавното комунално претпријатие во Валандово, се вели во одговорот од ДКСК за „Фокус“.

Австрискиот амбасадор вчера испрати писмо со остра реторика и побара смена на судии, обвинители, нотари и извршители и обвини дека валандовската фирма за производство на корнишони, „ДЕНА продукт“ преку влијание избегнува да плати отштета на австрискаата фирма „АММА ДОО Хоенемс“.

Во писмото амбасадорот пишува дека сопственик на „ДЕНА продукт“ е Атанас Костов, кој е сопруг на Емилија Заева Костова, братучетка на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Исто така, амбасадорот обвини дека „ДЕНА продукт“ префрлила најголем дел од имотот на компанијата „Глобал трејд“, која е во сопственост, токму на Емилија Заева.

Целиот текст на следниот линк:

https://fokus.mk/emilija-zaeva-nema-podneseno-anketen-list-iako-e-direktor-na-komunalno-pretrijatie-vo-valandovo/