Бесиан Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана дипломат.
Тој е брат на Дрин Ахмети, кој заедно заедно со албанска фирма купи 90 проценти од бизнис-центарот „Соравиа“.
Бесиан Ахмети, кој порано бил содружник заедно со неговиот брат Дрин во неколку компании, лани бил вработен Министерството за економија за да ги следи договорите за концеција за минерали.
После нецела година во економија, Бесиан Ахмети заминал во Брисел и бил именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс.
Интересно е што за ова место во амбасадата во Брисел, потребата била утврдена лани во јули од сограѓанинот на Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши.
Одлуката ја потврдила и владата и министерот за надворешни работи, Бујар Османи што значи дека мора да знае дека го испратил внукот на својот партиски лидер во Брисел.
Османи, инаку, не бил информиран дека другиот внук на Ахмети, со партнер од Албанија, купување на над 30 милиони евра вредниот деловен центар Соравија, пренесе Телма.







