„Фокус“ дознава кој е наследникот на Заев!

Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски, е најсериозен кандидат да го наследи Зоран Заев и на премиерското и на лидерското место, дознава Фокус.



Според неофицијални информации, без оглед на исходот на надворешно-политички план, Заев е решен дефинитивно да се повлече од двете функции на почетокот на следната 2022 година, кога ќе се заокружат постапките за избор на нов премиер и особено за нов партиски лидер.

Во изминативе денови, во контекст за трката за нов лидер на социјалдемократите неофицијално се споменуваа многу имиња: Радмила Шекеринска, Дане Талески, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Бојан Маричиќ, Јован Деспотовски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Венко Филипче…

Но, како што дознава Фокус, најсериозен кандидат за наследник на Заев и на двете позиции не е ниту еден нив, туку тоа е Димитар Ковачевски.