Министерството за правда завчера испратило покани до партиите да предложат свој претставник во работната група која ќе треба да ги изработи уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.



Крајниот рок за номинирање претставник е до 10-то април, дознава Фокус.

Вo работната група ќе учествуваат само претставници на парламентарните политички партии и експерти по уставно право.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да учествува во работната група, а Мицкоски изјави дека вакви групи се формираат откако Собранието ќе ја изгласа потребата за уставни измени.

Претсеставник од Бугарија нема да има, потврдуваат од Министерството за правда иако такво барање беше упатено од бугарскиот министер за надворешни работи, Милков.

Планот е групата да започне со работа кон средината на април.

Засега не е дефинирано по која методологија ќе работи, како ќе се одлучува и дали ќе има мандат само за внесување на Бугарите во Уставот или доколку се појават и други барања од партиите, ќе одлучува и за нив.