Неделникот „Фокус“ од извори во истрагата, открива дека Љупчо Палевски – Палчо првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања и пензионерот Панче Жежовски од Велес, можеби стои зад уште едно „исчезнување.
Имено, истрагата за двојното убиство била проширена и за други мистериозни исчезнувања, за кои не се пронајдени сторителите.
Се проверуваат нерасветлени случаи, како што е исчезнувањето на скопјанецот Роберт Плескоњиќ пред точно 2 години, кој претходно имал интензивна комуникација со Љупчо Палевски, најавува неделникот Фокус во денешното издание.






