Фокус: Дали Катица Јанева ќе има корист од измените на КЗ!?

Екс обвинителката Катица Јанева која е осудена за дело злоупотреба на службена положба и овластување не може да се надева дека ќе профитира од измените на Кривичниот законик, објавува Фокус .



Измените се однесуваат само на постапките кои се во тек, бидејќи за обвинетите и неправосилно осудените важи поповолното законско решение.

Пендаровски го одбил барањето за помилување на Јанева

Сепак, според информациите, нејзините адвокати бараат начин да излезе на слобода со условен отпуст.

Јанева е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, а пресудата е правосилна.

Таа на 15 јули 2019 година поднесе оставка од својата позицијата во СЈО пред објавување на аферата „Рекет“, а беше приведена на 21 август, по што и беше одреден притвор.