Фон Дер Лајен денеска во Скопје, една од темите – енергетската криза

Претседателката на Европската комисија денеска ќе пристигне во посета на Македонија со што ја започнува мини турнејата по земјите од Западен Балкан.



Урсула Фон дер Лајен денескадоаѓа со две добри вести, а едната се однесува на финансиски пакет вреден 50 тина милиони евра со кои треба да им се помогне на граѓаните, стопанството и јавните институции полесно да го претрпат ударот кој го носи енергетската криза.

Фон дер Лaјен ќе биде пречекана од премиерот Димитар Ковачевски на платото пред Владата.

До крајот на неделава, Фон Дер Лајен, ќе ги посети уште Косово, Албанија, Босна, Србија и Црна Гора.

ЕК неодамна одлучи на Западниот Балкан да му додели 500 милини евра со кој ќе им се помогне на овој регион да го ублажи социо-економскиот удар од енергетската криза. Точната сума на пари која ќе и биде дадена на нашата земја од овој пакет тежок половина милијарда евра се уште не е позната и ќе биде обзнанета на прес конференцијата која вечерва во 19 часот претседателката на ЕК ќе ја одржи со премиерот Ковачевски во Владата.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, најавувајќи ја турнејата на Западниот Балкан, рече дека Фон дер Лајен веќе соопштила дека Западниот Балкан ќе биде вклучен во механизмот на ЕУ за групно купување на гас.

Портпаролот на ЕУ исто така посочи дека таа исто така ќе ја нагласи „решеноста на ЕУ да ја продолжи соработката со Западниот Балкан за сите стратешки прашања и клучни работи“, особено кога станува збор за руската агресија врз Украина.