Никола Груевски не избегал во Будимпешта за да избегне затворска туку е навистина киднапиран. Ова го кажа самиот премиер Зоран Заев, а набрзо потоа се огласија и киднаперите на екс-премиерот, дознава „Фчерашни новости“.



„Бараме 10 милиони евра во кеш доставени на адреса која ќе ја соопштиме донесени од страна на самиот премиер Заев затоа што во спротивно, сериозни сме за ова, ќе ви го вратиме Груевски во Македонија“ барале киднаперите.

Според сознанијата на редакцијата на ФН, владата веќе го разгледува ова барање на киднаперите, но наводно се бараат силни гаранции дека нема да го вратат.