Собранието на република Македонија денес со 66 гласови „за“ и 41 „против“ ја изгласа „потребата од носење Предлог-закон за употреба на јазиците.
Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, пред гласањето изјави дека од неговата партија ќе гласаат „против“ зашто, според нив, таквиот закон е противуставен и дискриминаторски кон македонскиот јазик и кон јазиците на припадниците на други граѓани во Република Макеонија.
Законот за јазици треба да се донесе со таканаречено „европско знаменце“ за што не е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот, но ќе има можност на второто читање да има амадмани и парламентарна дебата.





