Физички контакт меѓу спикерот Џафери и координаторот Мицевски во Собранието (ВИДЕО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Вељановски како ,,‼️Насилие и кршење на деловникот”, го опишува тоа што вечерва се случува во Собранието.



,,❗Талат Џафери неделовнички одзема збор на пратеници и постапува по свои измислени процедури додека колегите од СДСМ мизерно ги одобруваат сите негови незаконски одлуки.
На оваа мафија на власт мора да и се случи народ и пораз, а потоа и одговорност за сите криминали”, пишува Вељановски откако спикерот Талат Џафери надвор од деловникот и процедурата ја заклучи расправата и стави на гласање точка на дневен ред.

Во еден момент во контакт дојдоа спикерот Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

За среќа физичкиот контакт меѓу двајцата пратеници не прерасна во сериозен инцидент или насилство

Видеото од инцидентот

https://fb.watch/cXL8KLVxmr/