Фирмите од енергетскиот сектор и игрите на среќа најмногу ќе плаќаат екстра данок

40 отсо од компаниите од енергетскиот сектор и 40 отсто од фирмите кои се занимаваат со игри на среќа подлежат на данок на солидарност, истакна на ТВ 24 министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Бесими посочува дека солидарниот данок се носел низ инклузивен процес со повеќе јавни расправи, но и билатерлани средби со коморите, уште од декември 2022 година. Во самите расправи се прифатени нивни сугестии од кои едната се однесува на годините кои се земаат за основицата за пресметка, што влијаеше и намалување на фискалниот ефект на оваа мерка од 90 на 50 милиони евра.
Импликациите од Законот за данок на солидарност се 50 милиони евра. Средствата се наменски и се одредени за антикризни мерки. Ако не, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници – ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, рече министерот Бесими.



Данокот на солидарност се воведе во повеќе земји на ЕУ. Тој се состои врз два принципи – екстра добивка создадена од конјуктурата во пазарот и солидарноста.
Свесен сум дека компаниите нема да кажат фала за законот за солидарност, бидејќи им се наметнуваат нови давачки. Но, кои се импликациите? Импликациите доколку не се реализира данокот на солидарност, кој бил дискутиран, за кој средствата се наменски, се одредени за антикризни мерки, тие средства ќе треба да се обезбедат на друг начин, а тоа е задолжување со камата од минимум 7%. Тие средства повторно ќе ги платат даночните обврзници – ние, идните генерации, но со многу повисок трошок“, посочи министерот Бесими.